Конор Мек Грегор пред своите фанови изјави дека ако Флојд Мејведер одбие да се сретне со него, тој би можел да се насочи кон друго големо име во боксот, на пример – Мани Пакијао.
Ирецот објави пост на Инстаграм каде што покажа некои од своите движења, исто така пишува дека кога ќе има син, тој ќе го одголеда како борец.
„Ова е повторување на видеото кое го испратив на еден од моите приврзаници, кој сакаше боксерски совет од мене. Верувам дека ќе ви се допадне. Од неодамна фокусот е на боксот, но не носете погрешни заклучоци – аспектите како удари со нога и граплин, како и сè друго што е поврзано со слободните борби, се уште се присутни во моите мисли. Флојд може и да се откаже на крајот, а тогаш ќе се вратам на вистинската борба или едноставно ќе изберам друг боксер, како што е Маниy или нешто слично. Но тоа е друга тема на разговор. Ми се допаѓа да гизрадени борци и го следам нивниот прогрес. До ден-денешен сум изградил многу. При тоа – несвесно. Еден од нив ќе се бори во главно настан на УФЦ овој викенд. Кога мојот син ќе се роди, јас ќе го изградам како повеќекратен светски шампион. Исто како неговиот старец. Немам трпение“.
https://www.instagram.com/p/BTHe5LqAP_f/
.