Аки Петковски на Бадр Хари – Верховен: Одличен меч на двајца гиганти!

Синоќа во Арнхем се одржа се одржа големиот реванш меѓу Рико Верховен и Бад Хари кој заврши на најнепоскауван начин за навивачите – повторно се повреди Мароканецот и ја загуби борбата во која влог беше титулата на Глори во тешка категорија.

Битолчанецот Александар – Аки Петковски специјално отпатува за Арнхем да го гледа спектаклот на годината или, како што вели тој: „Еден од најголемите кик бокс мечеви на сите времиња“.

Македонскиот борец кој настапува во повеќе боречки спортови е полн со импресии од мечот.

„Одличен меч на двајца гиганти. Штета, што Бадр немаше среќа и по втор пат загуби несреќно“, вели Петковски и додава:

„Многу голем публицитет имаше оваа борба. Двајцата борци беа во одлична форма, исто така и атмосферата. Можно е да има и трет меч“.

Да посетиме дека деветтата одбрана на титулата на Верховен не ја почна најдобро, бидејќи Хари го рушеше со десно кроше во средината на првата рунда. „Бед бој“ продолжи да напаѓа по броењето, а во тие моменти шампионот се спаси со држење. Мароканецот погоди со уште едно кроше до крајот на рундата, а Холанѓанецот го рушеше со лоу кик по истекот на времето.

Многу одлични удари паднаа и во втората рунда. Верхевен добро го користеше предниот директ, аперкат и лоу кик, а Мароканецот го погоди добро со лево кроше на почетокот на рундата.

Хари брилијантно ја отвора третата рунда и го соборува шампионот со лев хај кик. После тоа се обидува да изведе и заден кружен и притоа ја пвреди левата нога и не може да го продолжи мечот, а Холанѓанецот повторно победи поради повреда на противникот.

На Хари ова му е прва борба од март 2018 година кога го победи Хесди Гергес во реваншот со едногласна одлука. По средбата падна на допинг тестот и беше суспендиран а резултатот поништен. 30-годишниот Холанѓанец исто така не се бореше долго. Последен пат беше во рингот во септември минатата година кога со едногласна одлука ја одбрани титула против поранешниот борец на УФЦ Гут Иносенте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON