Ајлин Перез неодамна изненади многумина кога откри дека нејзиниот приход од ОнлиФанс ја надминува заработката од борбите во УФЦ.
По нејзината победа на УФЦ Вегас 82 Перез ја искористи приликата да го спомене нејзиниот профил на Онли фанс. Таа одлучи да ја направи својата содржина слободно достапна за нејзините следбеници. Откако го направи членството бесплатно по нејзината победа, Перез забележа значителен прилив на пријавувања и донации.
За краток период од неколку дена таа собрала неверојатни 30.000 долари. Таа сума ги надмина 24.000 долари што ги заработи од нејзиниот неодамнешен УФЦ натпревар. Споделувајќи ја својата финансиска успешна приказна на ММА Час, Перез истакна:
„Продолжувам да растам со тоа. За неколку дена заработив над 30.000 долари.Секогаш кога ќе се борам, ќе продолжи да се множи. Едноставно ќе биде подобро секој пат кога ќе се борам. Добив 24.000 долари за борбата бидејќи сум на мојот прв договор со УФЦ.
Сè додека продолжам да се борам, сè повеќе ќе добивам плата. Се надевам дека со следниот договор ќе добијам повеќе пари“, изјави Перез.
Во боречката спортска кариера Ајлин Перез може да се пофали со професионален скор од 9-2. Таа, исто така, држи скор од 2-1 во УФЦ. 29-годишната натпреварувачка од Аргентина се бори во бантам категорија и е во победничка серија од 2 борби.
View this post on Instagram