Ајхан Озмен е освојувач на бронзениот медал на Меѓународниот боксерски турнир „Марибор куп“.
Во полуфуналето на категоријата до 75 килограми нашиот боксер изгуби со поделена судиска одлука 2-3 од Словенецот Бегај Флоријан кој е претставник на Словенија на неколку европски првенства.
„Борбата беше тесна, судиите требаше и можеше да ја дадат на нашиот боксер, ама пресуди домашниот терен“, вели тренерот на Озмен, Васко Цубалевски.