Аикидо: Кваранта, Врзиќ и Германов со семинар го одбележаа јубилејот на Хенбо!

henbo demonstracija 5
По повод 10-годишнината од основањето на Аикидо клубот „Хенбо“ од Скопје изминатиот викенд во СРЦ Кале се одржа меѓународен семинар под раководство на тројца врвни меѓународни аикидо учители, носители мајсторски појаси 6-ти дан: Микеле Кваранта шихан од Швајцарија, Јелена Врзиќ сенсеи од Србија и Ед Германов сенсеи од Бугарија.
Henbo seminar site
На дводневниот семинар учествуваа 100 аикидисти, при што беа демонстрирани разни аикидо вештини.
– На семинарот беа покажани техники за развој на клубот и аикидото. Започнавме со различни гледишта кон аикидото и неговото практикување. Тоа е корисно за сите нас. Од секого може да се научи по нешто, – вели претседателот на клубот и водечки инструктор кај нас Дамјан Цингарски, носител на мајсторски појас трети дан.
henbo demonstracija 4

На семинарот имаше полагање за мајсторски појаси, при што четворица положија за мајсторски појас шодан: Александра Петковска, Владо Стојановски, Ѓоко и Костадин Митеви од Велес и Дамјан Цингарски за сандан (трети дан).
henbo demonstracija 3
Аикидо клубот Хенбо е членка – основач на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија која сертификатите за степени официјално ги добива од Светскиот аикидо центар – фондацијата Аикикаи во Токио, Јапонија. Аикидото е боречка вештина со потекло од Јапонија која во последниве години се распространи низ многу градови во Македонија.
„За Хенбо оваа десетгодишнина е потврда за нашето клупско континуирано залагање да ја промовираме оваа јапонска вештина, а исто така и потврда дека интересот кај луѓето во Македонија за неа од година во година се зголемува“, нагласува Цингарски.
Одбележувањето на 10 години од постоењето нема да се сведе само на овој семинар, туку во некој од наредните месеци во клубот ќе се одржавуваат тренинзи со гости-инструктори.
Но, не е само таа активност, членовите на клубот пред две недели беа на семинар во Софија по повод 25 години од основањето на Бугарската аикидо федерација. На 1 мај ќе одат на семинар во Нови Сад. Самиот Цингарски има посетено 105 аикидо семинари.

henbo grupna demonstracija

-Аикидото е боречка вештина која нема за цел победа над противникот, туку да се надмине потребата за конфликт и хармонизирано да се разреши ситуацијата, – ја објаснува суштината на оваа вештина Цингарски.

Henbo demonstracija
За разликите меѓу акидото и реалното аикидо вели:„Реалното аикидо е српска вештина во која се внесува агресија. Кај нас се користи само силата на противникот, додека во реалното аикидо не е така, туку се преоѓа во контранапад. Реалното аикидо е скратен систем за самоодобрана за разлика од аикидото, кое е сеопфатна боречка вештина“.
Henbo cingarski demonstracija
Јелена Врзиќ и Дамјан Цингарски
ipon.mk/В.Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON