АИБА: Професионлаците може да се борат на Олимписките игри во Рио

Pretsedatelot na AIBA

АИБА пресече – професионалните боксери имаат право да учествуваат на Олимписките игри во Рио, соопшти денеска претседателот Чинг-Куо Ву, откако Светската боскерска федерација (АИБА) го смени својот статут.

Klicko-Fjuri udari

Според претсдеателот на АИБА, Чинг-Куо Ву, статутарните промени биле изгласани со 95 отсто „за“, со што за прв пат во историјата е отворен патот за професионалните боксери да учествуваат на едени Олимписки игри.

„Ние одобривме и тие можат да се натпреваруваат“, изјави Ву за „Ројтерс“.

Овој потег наиде и на многу критики, бидејќи е многу нефер кон аматерите кои со години се подготвуваат за настап во Рио, а ќе бидат во подредена улога во однос на професионалците. Досега на Олимписките игри во бокс се натпреваруваа аматери, а дел од нив станаа вистински легенди во професионална категорија како Мухамед Али, Џо Фрејзер, Џорџ Формен и Владимир Кличко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО