40. Македонски бисер: Шабан Трсетна рекордер со 11 трофеи

Sban Trsetna 1984

Во очи на јубилејното 40-то издание на „Македонскиот бисер“ во Скопје, Шабан Трстена е рекордер по тиумфите на него – 11 пати, потоа следи Лулзим Вренези – 10, па Влатко Соколов – 8, Шабан Сеиди -6, Дејан Митров и Дејан Богданов исто така по 6 пати победувале. Додека Скопје води во домаќинството на нашиот најквалитетен турнир – 11 пати, втор е Радовиш со 8, па следат Струга – 6, Кочани – 4 итн.

Najdobri na biserot

На почетокот турнирот се викаше „Струшки бисер“, а потоа се преименува во „Македонски бисер“. Илија Трајанов 25 години судел на Бисерот,од самиот почеток, се до неговото пензионирање.

Tabela grdaovi domakini na Biserot

Saban Trstena na BiserВикендов ќе се одбележат и 55 години од формирањето на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), како и 20 години од европската титула на Бучим. По тој повод ќе се одржиј свечена академија во петок во Музејот на македонската револуционерна борба и жртвите на комунизмот на која ќе се промовира на Монографијата „55 години најтрофеен спорт“. Ќе се отвори и изложба на фотографии. Во сабота во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се борбите на 40. „Македонски бисер“.

На свечената академија поздравен говор ќе одржи претседателот на ФБСМ, д-р Ванчо Чифлиганец, а ќе биде промовирана и монографијата „55 години најтрофеен спорт“.

На свечениот чин ќе им бидат доделени признанија на носителите на медали од најголемите натпреварувања, како што се Шабан Трстена, Шабан Сејдиу, Могамед Ибрагимов, Зоран Шоров, како и бројни други спортски работници, тренери и поранешни борачи. Преставници на Обединетото светско борење (ОБС), на српската и бугарската федерација, ќе им се доделат плакети, како на претседателот на ОБС, Ненад Лаловиќ, Цено Ценев – претсдеател на ОБС-Европа, Валентин Јорданов – светски и олимписки шампион, легенда на бугарското борење. Награди ќе има и за најдобрите македонски клубови: Балканец, Бучим, Спартак, Лирија, Скопје, Борец, Извор, Вардар, Работнички,  Неготино, Злетово и други.

Saban Sejdi

На 40. „Македонски бисер“ е најавеното учество на борачи од 10 земји, меѓу кои и од силните Русија, Јапонија, Бугарија, Белорусија, Албанија, Косово, Србија, Англија, Унгарија, Словачка. Македонија ќе настапи со две репрезентации.

Zoran Sorov na piedestal

Ова е момент да се присетиме на успесите на Симеон Шутев и Борче Димовски (починати) во 1968 година на ОИ во Мексико  Рекордерот на „Бисерот“, Шабан Трстена“ и ги донесе најголемите успеси олимписки успеси на Македонија, воопшто. Тој го освои златниот медал на Олимпијадата 1984 во Лос Анџелеса, а сребрен на ОИ во Сеул 1988 година. Шбана Сеиди има две бронзи од Москва 1980 година и Лос Анџелес 1984 година. Могамед Ибрагимов и го донесе единствениот олимписки медал на самостојна Македонија, кој освои бронзен медал во Сиднеј 2000 година.

Bucim evropski prvak 1995

На клупски план Бучим стана европски првак пред 20 години и светски првак, а Балканец од Штип и Спартак од Кочани беа вицешампиони на Европа.

За жал, во годината на јубилеи, Македонија на втор по ред олимписки циклус нема претставник на боречкиот турнир, иако 44 години континуирано настапуваа во лсободен стил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО