АИБА ќе бара казни на реферите и судиите кои беа избркани од Олмписките игри

Sudii na olimpsiki igri

Светската боксерска асоцијација АИБА ќе наложи дисциплински казни на реферите и судиите кои беа отстранети од Олимписките игри во Рио де Жанеиро поради грешки за време на средбите од турнирот.

АИБА објави дека „лицата поврзани со таа федерација се предадени на Дисциплинската комисија за истрага, по што ќе бидат изречени соодветни санкции“. Неодреден број рефери и судии беа отстранети за време на Олимпијадата, откако АИБА одлучи дека не се придржувале стандардите за компетентност.

АИБА ќе одржи седница во Лозана оваа недела, за да направи анализа на олимпискиот боксерски турнир, за време на кој сомнителни одлуки доведоа до широко дискусија за судењето. АИБА изјави дека официјалните лица треба да ги почитуваат правилата за „почит, чесност, интегритет и транспарентност“. Федерацијата разгледува воведување на систем за бодирање од петмина судии и нови правила при добивање на сертификат за боксерски рефери и судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО