Воведните мечеви на боксерскиот спектакл во Ријад, водени од дуелот за апсолутниот шампион во полутешка категорија меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол беа преполни со вистинска возбуда и атрактивни потези.
Во борбата за привремениот шампионски појас на ВБЦ, непоразениот Германец Агит Кабајел ја продолжи победничката серија и со нокаут во шестата рунда го победи Кинезот Жилеј Жанг.
Првите четири рунди беа горе-долу изедначени, а потоа почнаа возбудувањата. Најпрво се чинеше дека Кинезот е во неволја, а потоа блесна неговото лево кроше, соборувајќи го Кабајел.
Агит се опорави и потоа продолжи да го удира Жанг по телото со силни удари во шестата рунда. Судијата во еден момент го прекина мечот, но тие продолжија.
Кабајел на половина минута пред крајот на рундата ја заврши работата со уште неколку силни удари и со тоа стигна до 26-тата победа во кариерата.
Со оваа победа германскиот боксер има можност да се бори со светскиот шампион Александар Усик.
Непоразениот Вергил Ортиз Јуниор го победи Узбекистанецот Израел Мадримов со едногласна одлука во многу тесна борба за појасот на ВБЦ во супервелтер категорија.
Сите тројца судии му дадоа предност на американскиот борец: 117-111, 115-113 и 115-113.
Калум Смит го победи Џошуа Буаци со едногласна одлука во мечот за привремениот шампионски појас на ВБО во полутешка категорија.
Британцот тргна жестоко од првиот звук на гонгот и одржуваа високо темпо во текот на целата борба.
Смит добро го удри Буаци по телото, и неколку пати го стресе, Џошуа не можеше да го најде вистинскиот ритам.
На крајот, Смит дојде до убедлива победа, а сите тројца судии погодија во негова корист: 119-110, 115-113 и 116-112 за победа.