Адријан Аземи против Русинот Авудијан за бронза на Европското првенство во бокс

Адријан Аземи утре во категоријата на 80 килограми ќе се бори со домашниот боксер Тимур Авудијан (Русија) кој денеска на поени го совлада Вилјам Хоув (Англија) на Европското првенство за јуниори во Анапа, Русија.

Аземи е нашата последна надеж кој стартува од четвртфиналето и со победа обезбедува бронза. Борбата на нашиот боксер е во 13 часот.

Ја гледавме борбата меѓу Русинот и Англичанецот и според наше видување победата требаше да му припадне на Хоув, бидејќи беше надмоќен во сите три рунди, но судиите пресудија во корист на домашниот боксер. Добарата работа за нас е што денска тој потроши многу сила, а и добро го проучивме. Ако Аземи се држи до тактиката што ја договоривме се надеваме на победа и на медал за Македонија, изјави селекторот Петар Чурлиновски за Ipon.mk.

Сепак, ние ќе додадеме дека Русинот ќе се труди да го искорсити домашниот терен, на овој или оној начин.

Европско првенство за јуниори:

 -52 кг Елес Асанов пораз на поени Давид Кин (Шкотска) – 19 боксери, 1/8 финале

-63 кг Алпај Демиров пораз со прекин од докторот Русланс Залис (Литванија) – 22 боксери, 1/8 финале

+80 кг Адријан Аземи – Тимур Авудијан (Русија) – 15 боксери, ¼ финале (13 октомври, 13 часот)

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON