Адријан Аземи отпатува на Европското првенство за јуниори во Галати, Романија, кое почнува утре и ќе трае до 2 јуни.
Аземи на ЕП ќе го води неговиот клупски тренер Насер Харуни.
Да потсетиме дека Адријан на почетокот на април во Ботевград – Бугарија, го освои златниот медал во категоријата до 80 килограми на силниот Меѓународен турнир „Емил Жечев“.
Официјалната страна на Европската боксерскла асоцијација (ЕУБЦ) го нарече македонскиот јуниор бр. 1 и најголема сензација на Меморијалниот турнир „Емил Жечев“. Тој го елиминираше Бугарниот Мартин Бебов и казахстанскиот јуниорски национален шампион Балашак Мејрам на патот до финалето на тешката тежина (80 кг).
Во интервјуто за Ipon.mk по златниот медал во Бугарија Аземи рече: „Со вакво темпо на работа верувам дека на Европското првенство за јунирои во Романија во мај ќе станам европски шампион“.
Додека неговиот трене Харуни е убеден во успехот на Аземи.
„Сега сум многу пооптимист, гледјаќи ги другите противници. Верувам дека може да стане европски шампион“.
Ipon.mk