Адриен Бронер е обвинет за измама на две НБА- ѕвезди, ги олеснил за шест и пол милиони долари

Американскиот боксер Адриен Бронер е обвинет од ФБИ за измама на две НБА- ѕвезди, од шест и пол милиони долари. Познатиот боксер нашол начин да заработи милиони надвор од рингот. Тој користел наместени коцки за да ги измами во игра и зел вкупно шест и пол милиони долари.

Американските медиуми откриваат дека тој измамил активна НБА-ѕвезда, за милион и пол долари, а поранешен играч дури за пет милиони долари. ФБИ го презело случајот и познатиот боксер е во сериозни проблеми по сведочењето на анонимен сведок.

Сведок им кажал на властите за масовен натпревар со коцки што се одржал во јуни 2019 година, во Лос Анџелес. Таму бил професионалниот боксер А.Б. со своите соработници и со неколкумина познати НБА-играчи. Сведокот тврди дека А.Б., со помош на соработниците, ја наместил играта и ги искористил коцките за да извлече милиони долари од НБА ѕвездите.

Наскоро НБА-ѕвездите сфатиле дека се измамени. Тие се обиделе да си ги вратат парите од Бронер и наводно стапиле во контакт со Јуџин Хенли, шеф на подземјето и на коцкањето, кој во средата беше обвинет за киднапирање, убиство, грабеж, изнудување и за измама.

ФБИ е во голема акција и нема сомнеж дека се наоѓа Бронер под сериозни обвиненија. Измамата може да го чини затворска казна. Ова не е прв пат тој да има проблеми со законот. Тој на секој начин ги прекрши правилата, помина кратко време во затвор и моментално е на слобода.

Сепак, обвиненијата за измама се најсериозни досега и тој би можел да помине долго време зад решетки.

Адриен Бронер во минатото беше шампион во неколку различни тежински класи: лесна, полутешка, суперлесна, перо категорија. Сепак, неговата кариера е во голем пад во последниве години. Последниот натпревар го имаше пред 10 месеци. Тој беше поразен од Блер Кобс, што беше негов петти пораз во кариерата, во која има 35 победи и едно реми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON