Адонис Стивенсон е во критична ситуација по тешкиот нокаут што го зарботи синоќа во мечот со Украинецот Александар Гвоздук.
Стивенсон синоќа во Квебек брутално беше нокаутиран од украинскиот боксер во 11-тата рунда, бранејќи ја титулата во полутешка категорија на ВБЦ.
And back comes Gvozdyk in the 11th to close the show and ice Stevenson. Gvozdyk wins by KO in round 11. Good finisher. pic.twitter.com/hNiYQlNmJ7
— Oddessa (@MMAOdds) December 2, 2018
Стивенсон ја изгуби свеста по ударот, па на носилки беше изнесен од рингот и итно пренесен во болница каде што лекарите се борат занеговиот живот.
„Адонис е на интензивна нега и моментално се бори за живот“ изјави неговиот промотор Ивон Мичел.