Адонис Стивенсон се разбуди од кома

Поранешниот светски шампион во верзија на ВБЦ во полутешка категорија, Адонис Стивенсон, се разбуди од кома, соопшти девојката на боксерот, Симона Гуд.

„Сакам да ве уверам дека Адонис се разбуди од кома. Тој се опоравува и прави третман, заедно со него се и неговото семејство и лекарите. Адонис е светски шампион и ги демонстрира истите сили и решителност за да оздрави што побрзо. Тој и целото негово семејство се благодарни за поддршката, љубовта и почитта кон неговиот приватен живот. Адонис наоѓа време да ужива во музиката, тој е со своето семејство. Го цени вниманието на навивачите и нивната голема љубов“, вели Симона Гуд.

На 1 декември Адонис Стивенсон загуби со нокаут од Александар Гвоздик, а потоа беше однесен во болница и ставен во состојба на вештачка кома, за да се справи подобро со големото крварење во мозокоат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON