Поранешниот светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Адонис Стивенсон, прозбор за повредата на мозокот што ја претрпе во борба со украинецот Александар Гвоздик. Средбата се одржа во декември 2018 година, а Канаѓанецот загуби со нокаут во 11-тата рунда.
Потоа беше хоспитализиран и ставен на вештачка кома. Боксерот претрпе мозочен удар, но успеа да се опорави. Стивенсон повеќе нема да може да боксира и да влегува во рингот.
„Добро сум. Бог беше на моја страна. После такви удари секогаш може да има последици. Честиот потрес на мозокот има многу непријатно влијание врз здравјето. Треба да работам, за да не се случи тоа“, рече 43-годишниот боксер.