Канадскиот боксер Адонис Стивенсон кој доби тежок нокаут во декември на мечот со украинскиот боксер Александар Говздик, веќе ги прави првите чекори. По поразот, 41-годишниот поранешен светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, беше однесен во болница каде што беше ставен во вештачка кома.
Две недели подоцна се освести, потоа почна и да разговара со роднините. По специјалната терапија Адонис Стивенсон веќе ги направи првите чекори. Веста е објавена од неговиот пријател Симон Гуд, кој е возбуден поради напредокот во состојбата на Канаѓнецот.
.