Екипата на АДК Марибор од Словенија е победник на петото издание на Јадранската лига.
Денеска на завршницата на Лигата во Скопје, во склоп на Меѓународниот џиу џица турнирот „Скопје опен 2015“, АДК Марибор во полуфиналето ја совлада екипата на Осенсеи од Штип, кој во мечот влегоа хендикипирани бидејќи имаше повредени двајца натпреварувачи. Тројцата натпреварувачи на штипскиот клуб беа поразени, а најдостоен отпор пружи Виктор Велинов, кој, всушност, ја загуби борбата во последните секунди, а беше во водство.
Сепак, дуелот меѓу Република Српска и Нф Алексинац беше многу по интересен и по неизвесен и заврши со победа српскиот клуб 3-2. Но, во финалето НФ Алексинац не успеа да направи пресврт против мариборчани како што им успеа со Република Српска.
Јадранска лига-табела
1.АДК Марибор-Словенија
2.НФ Алексинац-Србија
3.Република Српска-Република Српска-Б и Х
4.Осенсеи-Македонија
5.Сај-Србија
ipon.mk/В.Д.