Адил Мехмед ги демоснтрираше своите вештини на море и порача дека напорно ќе тренира за да стане сениорски репрезентативец на Македонија и да учествува на Олимпијадата во Токио 2020.
Каратистот на Металург е убеден дека формата ќе ја одржаува и во Англија, каде што ќе студира, а неговиот потенцијал го покажа на Балканското првенство за сениори во Истанбул, Турција, освојувајќи го сребрениот медал. Мехмед со малку поголем ризик можеше да биде и балкански шампион.
Уживајте во прекрасната фотографија направена на залезот на сонцето.
Ipon.mk/В.Д.