На Меѓународниот турнир „Мустафа Хајрулаховиќ-Талијан“ во Сараево боксерот на БК Шкупи Адил Бајрами ќе настапи во финалето во категоријата до 56 кг против Изет Хоџиќ.
Јасин Лама (-60 кг) вчера во рамноправна борба загуби од одмашниот боксер Стефан Марковиќ.
„Судиите одлучија победата да му ја доделат на домашниот боксер. За жал, за нашиот трет претставник Идриз Бислими (-52 кг) немаше противник“, изјави тренерот Насер Харуни.
ipon.mk/В.Д.