Адесања за борбата со Переира: Ќе го нокаутирам тој идиот

Израел Адесања се закани дека ќе му се реваншира на Алекс Переира и ќе го нокаутира.

Адесања ќе го брани појасот во средна категорија против Переира на главниот настан на УФЦ 281 во Медисон сквер гарден, Њујорк. Веќе видовме две борби меѓу нив, но во Глори по кик бокс правила.

Во 2016 година се бореаа во Кина и Переира победи со одлука на судиите. Една година подоцна Адесања и Переира имаа реванш во Бразил, каде Алекс победи со нокаут во 3. рунда. По овој пораз Израел заврши со кикбоксот и се посвети на ММА.

Сега е време за трета борба, но во октагонот на најголемата ММА организација. Многумина мислат дека Алекс ќе го победи Израел, но тој не се согласува. Адесања е среќен затоа што сега ќе може да се справи со својот бразилски непријател.

„Секогаш се борам со некој со кој никој не сака да се бори. Напаѓам против оној од кој сите бегаат. Трчам кон него.

Кога Алекс Переира ме победи, не помислував на реванш. Не го држам поразот во мене, ги пуштам овие работи веднаш. Но, вселената ми даде уште една шанса да се борам со него.

Тоа е идеален распоред на нештата. Ќе го нокаутирам тој идиот“, изјави Адесанја за Спорт центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON