Адесања возел под дејство на алкохол, полицијата го запрела неколку недели пред мечот со Шон

Шон Стрикленд го победи Израел Адесања на 10 септември на настанот УФЦ 294 во Сиднеј и го освои шампионскиот појас во средна категорија.

Тоа беше втор пораз за Изи во последните три натпревари. Во ноември минатата година ја загуби титулата против Алекс Переира, а потоа во април го победи Бразилецот и си го врати појасот.

Но, Адесања имал неволја и неколку недели претходно кога полицијата го запрела автомобилот што го возел под дејство на алкохол.

Инцидентот се случил на 19 август за време на тренинг кампот додека се подготвувал за мечот против Стрикленд.

Поранешниот шампион на УФЦ ја призна вината, казната ќе ја дознае на 10 јануари следната година.

„Сакам да им се извинам на сите, на моето семејство и на тимот затоа што седнав зад воланот откако пиев цела ноќ. Полицијата ме запре и ми направија алкотест. Имав 0,87 промили алкохол во крвта. Разочаран сум од мојата постапка, беше погрешна. Сакам оние кои ме следат да не мислат дека тоа е прифатливо однесување“, напиша Израел Адесања во својата изјава.

Според законот во Нов Зеланд, максималната дозволена граница е 0,5 промили алкохол во крвта.

Адесања ја надмина таа граница и се соочува со три месеци затвор или парична казна од 2.680 американски долари.

https://twitter.com/fightoracle/status/1706060073355624704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1706060073355624704%7Ctwgr%5Eb36e943aafb86a334ce51f32af00d557cf197083%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fadmin%2Fresources%2Fadd%2F1%3Fremote_id%3D4895

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON