Шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања изјави дека се имал повреда на коленото за време на борбата со Алекс Переира. Повредата ја здобил една недела пред да се сретнат во октагонот.
„Ова ми се има случено и претходно. Моето деби во УФЦ дојде три недели откако го повредив десниот зглоб. Се сеќавам дека го повикав физиотерапевтот следниот ден и му реков: „Еј, треба да те видам утре што побрзо“. Така, овој пат мислев дека можам да го направам тоа“, изјави Адесанја за Јутјуб цканалот на Фрестилбендер.
Потсетуваме дека на 9 април Адесања му се одмазди на Переира за сите порази откако го нокаутира во втората рунда.