Израел Адесања го победи Џаред Канониер во главната борба на настанот УФЦ 276 во T-Mobile арената во Лас Вегас и по петти пат го одбрани шампионскиот појас во средна категорија.
Изи тргна со удари, а Џаред чекаше прилика, не избрзуваше во пресметката и успешно се одбрани. Првата рунда помина во тактичко надмудрување во кое никој не сакаше да ризикува премногу.
И двајцата продолжија да се обидуваат да си се закануваат со ножни удари. Во последната минута од втората рунда, Адесања со прст му бркна во окто на Канониер, па мечот за момент беше прекинат.
На почетокот на третата рунда Израел тргна малку поагресивно, а Џаред се обиде да одговори со соборувње, но Нигериецот се одбрани. Слично беше и во средината на рундата, но, по краток клинч покрај оградата, борбата се врати на средината на октагонот. На крајот повторно завршија во клинч, но Адесања успешно одбрани.
Тактичкото надмудрување продолжи и во последните две рунди. Адесања го држеше Канониер на дистанца со своите подолги раце и продолжи да го удира противникот со ножни удари. Џаред повторно се обиде во средината на последната рунда да го собори Изи. Во последната минута Канониер неколку пати одлично го погоди Адесања, кој успеа да побегне.
Тоа беше негова 23. победа во кариерата и 12. триумф во УФЦ, со еден пораз.
Во третиот меѓусебен меч Александар Волкановски целосно доминираше против Макс Холовеј и по четврти пат ја одбрани титулата во перо категорија. За Австралиецот со македонско потекло тоа беше 25. победа во кариерата и најубедлив настап против Холовеј, во кој славеше со едногласна одлука на судиите (50–45, 50–45, 50–45).
Бразилецот Алекс Переира убедливо стигна до третата победа во УФЦ. Поранешниот шампион во кик бокс го победи Американецот Шон Стрикленд со нокаут во средината на првата рунда. Бразилскиот борец најверојатно ќе биде следниот предизвикувач во борбата за титулата во средна категорија.
Во американскиот дуел Брајан Барберена со прекин во втората рунда на мечот во полусредна категорија го совлада Роби Лоулер. Брајан го отвори натпреварот со неколку лоу удари, но Роби одговори со удари од телото. Двајцата си разменија многу удари, но во првата рунда Лоулер остави нешто подобар впечаток. Слично беше и во продолжението, а потоа Брајан зададе неколку добри крошеа и изгледаше како Роби да го губи теренот. Судијата ја прекина борбата. Тоа беше трета победа во низа за Барберена.
Главната програма на настанот беше отворена со долгоочекуваниот меч меѓу Бразилецот Педро Муњоз и Американецот Шон О’Мели. Но, публиката на Т-Мобиле арена остана разочарана, бидејќи борбата беше прекината на половина од втората рунда, откако Шон му брцна на Педро во очи. О’Мели се обиде да го наметне својот ритам во втората рунда, но Муњоз не му дозволи да ја преземе иницијативата. Во средината на рундата, Бразилецот се обиде да го избегне ударот на О’Мели, кој ја испружи раката и со прстот му бркна на Бразилецот во окото. Докторот го погледна Муњоз и не му дозволи да ја продолжи борбата бидејќи не гледал ништо со тоа око.
Резултати од настанот UFC 276:
Александар Волкановски – Макс Холовеј – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–45)
Алекс Переира – Шон Стрикленд – КО, Р1 (2:36)
Брајан Барберена – Роби Лоулер – ТКО, Р2 (4:47)
Педро Мунхоз – Шон О’Мели – без одлука, Р2 (3:09)
Воведни борби:
Џалин Тарнер – Бред Ридел – завршница (гушење со гилотина), Р1 (0:45)
Џим Милер – Доналд Цероне – завршница (гушење со гилотина), Р2 (1:32)
Јан Гари – Габриел Грин – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Дрикус ду Плесис – Бред Таварес – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Андре Муњоз – Урија Хол – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Мејси Барбер – Џесика Ај – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Јулија Столијаренко – Џесика-Роуз Кларк – завршница (армбар), Р1 (0:42)