Адесања за Стрикленд: Ќе го нокаутирам со лакираните нокти

Актуелниот шампион во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања (24-2) рече дека има непријателство кон неговиот претстоен противник Шон Стрикленд (26-5). Адесања и Стрикленд се насловни на настанот УФЦ 293 на 10 септември во Сиднеј, Австралија.

Очекувано Адесања е фаворит на мечот и малкумина му даваат каква било шанса на Шон. Има доста навивачи кои повеќе ја чекаат прес-конференцијата отколку самата борба. И Адесања и Стрикланд се познати по своите вештини зад микрофонот.

Шон веќе ја започна психолошката војна и рече дека Адесања се мува со фраери. Стрикленд, пак, бил поголем маж и спиел само со убави жени. Израел е бесен на својот ривал и се заканува дека ќе го нокаутира.

„Тој е идиот. Нема да изгубам од идиот. Вели дека нема да загуби од момче кое мастурбира на цртани филмови и си ги лакира ноктите.

Значи, ќе си ги лакирам ноктите и ќе го нокаутирам со моите лакирани нокти. Ме мотивира, ме буди наутро. Не ги слушам луѓето кои ми велат дека морам да победам.

Се слушам само себеси и мојот тим, а овој човек веќе ме налути со својата енергија. Не ми се допаѓа што зборува и како се обидува да ме налути. Не ми се допаѓа како се однесува.

Дури и снимки од неговиот спаринг понекогаш се појавуваат на мојот профил и си мислам: „Што по ѓаволите“?

Стрикленд е само идиот“, изјави Адесања за ММА Фајтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON