Адесања до Дерек Барнсон: Се уште си слаб

Израел Адесања не е импресиониран од Дерек Брансон. Викендов во Лас Вегас Брансон забележа нова победа во УФЦ, доминирајќи над Дарен Тил, при што го натера да се предаде во 3-та рунда.

Дерек ја забележа 5-та последователна победа и втора во 2021 година. Пред три години видовме борба меѓу Адесања и Брансон. Се заврши во 1-та рунда со нокаут во корист на шампионот. Брансон не успеа да направи ништо за да го спречи Адесања.

Дерек сакаше реванш со Израел, но тој немаше намера да му го даде. Следната битка за шампион во средна категорија ќе биде реваншот со Роберт Витакер. Сепак, Адесања одговори на предизвикот од Брансон.

„Среќен ден на таткото. Ова момче Дерек Брансон треба да се смири. Брансон, се си уште слаб, сине“, напиша Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО