Адесања уверливо го победи Таварес во првата борба во 5 рунди (ВИДЕО)

За време на традиционалниот УФЦ Меѓународен фајт вик на ден пред УФЦ 226 се одржа финалето на Ултимејт фајтер.

Мајк Тицијано (7-0, 1-0 УФЦ) се поделена одлука на судиите (29-28, 28-29, 29-28) го победи Џо Џијанети (6-1, 0-1 УФЦ) и го освои ТУФ во лесна категорија.

Канаѓанецот Бред Катона (7-0, 1-0 УФЦ) е победник во перолесна категорија отако со сигурна изведба дојде до победа со едногласна одлука против Џеј Канчиниело (8-1, 0-1 УФЦ).

Во главната борбена вечерта поранешниот борец на Глори Израел Адесања (14-0, 3-0 УФЦ) ја постигна најголемата победа во кариерата. 28-годишниот Нигериец со државјанство на Нов Зеланд во главната борба навечерта со едногласна одлука по пет рунди (50-45, 50-45, 49-46) го победи многу поискусниот Американец Бред Таварес (17-5, 12-5 УФЦ) кој беше во низа од четири победи.

Адесања е награден и со бонус од 50.000 долари за изведба на вечерта, а истата награда ја доби и Луис Пена (5-0, 1-0 УФЦ) за победата со гилотина во првиата рунда против Ричи Смулен (3-1-1, 0-1 УФЦ).

50.000 долари за борба на вечерта добија и  Алекс Касерес (14-11, 9-9 УФЦ) и Мартин Браво (11-2, 1-2 УФЦ). Касерес во мечот во перолесна категорија славеше со поделена одлука на судиите.

https://youtu.be/gHxUsivzaBI

https://youtu.be/n1kNQa7VK9I

https://youtu.be/gGxdlRMPvxw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON