Израел Адесања сериозно се подготвува за една од најтешките борби во неговата кариера. Непоразениот шампион во средна категорија ќе се сретне со Јоел Ромеро во главната борба на УФЦ 248 во март во Вегас.
30-годишниот шампион сè уште нема пораз во ММА и во кафезот има скор 18-0. За помалку од две години, Адесања успеа да забележи седум последователни победи во УФЦ, при што ја освои привремената и неоспорна титула во категоријата.
Ромеро ќе биде сериозен тест за „Последниот стилбендер“, кој сака да се докаже и зацврсти во категоријата. Адесања се оддаде на здрави тренинзи во кои му помагаат Дан Хукер и Александар Волкановски.
Вака тренираат тројцата пријателит: