Адегбуи го нокаутира Бадр Хари и ја забележа најголемата победа во кариерата (ВИДЕО)

Бенџамин Адегбуи на величенствен начин го заврши настанот „Глори 76“ во Ротердам.

Романскиот кикбоксер ја победи холандско-мароканската легенда Бадр Хари со нокаут во третата рунда.

Следната борба во тешка категорија ќе биде против шампионот, но се уште не е познато дали тоа ќе биде Џамал Бен Садик или актуелниот шампион Рико Верховен.

Двајцата почнаа жестоко во првата рунда, разменуваа многу удари. Во продолжение, Хари почна пожестоко и кон крајот на втората рунда, прв пат го собори Романецот. Тргна на победа, но Адегбуи се одбрани.

Во третата рунда романскиот борец со десно директ го погоди Хари, па му потече крв од носот.

Падна во нокдаун од кој се крена, но само на кратко.

Адегбуи веднаш тргна силно и со одличен удар со нога го погоди Хари во телото. Мечот заврши.

Тоа беше најголемата победа на Беџамин Адегбуи во кариерата.

Во финалето на четворицата во тешка категорија, Леви Ригтерс очекувано го победи уморениот Нордин Махиедин со нокаут во првата рунда откако го погоди телото.

Во борбата за титулата во велтер категорија, актуелниот шампион Седрик Дамбе го одбрани појасот совладувајќи го Карим Гајџи со нокаут во третата рунда.

Хрватот Антонио Плазибат загуби во полуфиналето од Французинот Нордин Махиедин.

Глори 76 – Резултати:
Бенџамин Адегбуи – Бадр Хари со ТКО Р3, 0:50
Седрик Думбе – Карим Гајџи со ТКО Р3, 1:30
Леви Ригтерс – Нордин Махиедин со КО Р1, 1:49
Нордин Махиедин – Антонио Плазибат со одлука по дополнителна рунда
Леви Ригтерс – Марчијано Багвандас со КО Р2, 2:42
Јос ван Белзен – Тони Ја со одлука

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО