Џудистката Арбреша Реџепи (-48 кг) кој на Европскиот кадетски куп во Клуж го освои бронзениот медал, што до сега е најголем успех на еден наш натпреварувач, денеска имаше прием кај дирекоторот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
Реџепи се заблагодари на поканата на Агенцијата за млади и спорт и поддршката што ја добива меѓународните настапи.
„За претстојните континентални собири ќе работам уште понапорно, бидејќи мојата крајна цел е собирање бодови на светската ранг листа и обезбедување на норма за Олимипските игри 2020 во Токио. Се надевам дека и на европските и на светските првенства ќе освојам медали, а најголем успех ќе биде медалот од Олимпијадата“, реше младата Абреша, која истакна дека со уште поголем елан ќе работи за да ги оставри своите сништа.
Спасески истакна дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму ќе го поддржува џудото како спорт, а посебно младите и талентирани спортисти кои со успешни резултати ја промовираат Македонија во европски и светски рамки. Посака повторување на овој успех на претстојното Европско кадетско превнство во Финска во јули.
Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Ванчо Настов, истакна дека ставиле акцент на работата со помладите категории за да вроди со плод во сениорска конкуренција. Тој истакн дека за добри сениори потребно е првенствено остварување на квалитетни кадетски и младински репрезентативци.
Селекторот на кадетската репрезентација и клупски тренер на Реџепи, Горан Мицкоски, нагласи дека е задоволен од настапот на Абреша и дека тоа е постиганто со напрно работа и дека таа имала пер борби – на четири победила (3 со ипон) и една загубила со вазари.
„Сега сакаме да го фатиме циклусот за наредните натпреварувања. За нас многу е важно учеството на Олимпските игри, затоа од сега ќе почнеме се професионална работа за да ја оствариме целта. Во претстојните две години ќе собираме бодови за што подобар пласман на ранг листата на најдобрите џудисти. Ќе работиме да донесеме медал“, истакна Мицкоски.
Ipon.mk/В. Д.