Абреша Реџепи (-48 кг) од ЏК Ипон од Скопје го освои златниот медал во кадетска конкуренција на силниот Меѓународен џудо турнир „Јанко Димов“ во Софија, Бугарија. Реџепи првото место го освои на супериорен начин. Пионерот Резарт Хисени (-46 кг) во финалето загуби од бугарски репрезентативец.
„Ветон Ајдинов и Ангел Ангелов не успеаа да се закитат со медали. Ангелов во првото коло се сретна со европскиот и светски првак Денислав Иванов, борбата ја загуби, но за него ова беше одлична прилика да се бори со најдобриот во светот, кој воедно е и две години постар. Искуството за него беше од големо значење“, вели тренерот Горан Мицкоски.
На овој престижен џудо турнир учествуваа клубови од Балканот. Посебно силна конкуренција била во кадетска конкуренција, бидејќи репрезентативниот состав на Бугарија,на чело со актуелниот европски и светски првак, Денислав Иванов, настапи на турнирот.
„Нашите џудисти полека влегуваат во потребната натпреварувачка форма по паузата. Следат уште многу контролни турнири и подготовки до почетокот на новата сезона, во која очекуваме медали од европската сцена“, истакнува Мицкоски.
ipon.mk/В.Д.