Абреша Реџепи имаше прием кај градоначалникот Карпош, Стевче Јакимовски, по освојувањето на бронзениот медал на Европскиот џудо куп Напокав о Клуж – Романија, во кадетска категорија до 48 килограми. Освоеното трето место е еден од најголемите успеси џудо спортот во Македонија.
На приемот кај првиот човек на локалната самоуправа, Реџепи и нејзниот тренер, Горан Мицкоски, ги истакнаа предизвиците со кои се соочува џудото кај нас, и ги најавија следните меѓународни учества на џудистката во Португалија и Финска.
Градоначалникот Јакимовски вети финансиска поткрепа за репрезентативката, а и посака уште поголеми успеси на меѓународните турнири.
Ipon.mk/В. Д.