Џудистката на Ипон од Скопје го освои деветото место на силниот Европски куп во Фуенгирола во Шпанија.
Во конкуренција на 25 натпреварувачки во категоријата до 48 килограми нашата репрезентативка во првото коло беше слободна, а во второто коло беше подобра од ерин Педен од Велика Британија, додека во четвртфиналето беше поразена од Италијанката Ана де Лука со еден ипон.
Во репасажот Абреша имаше можност да дојде до медал, но беше поразена од Беатриз Фернандез Кордеро со едно вазари.
Ова беше прв настап на Абреша годинава.
Ipon.mk/В.Д.