Абена е новиот Гран при шампион на Глори во полутешка категорија

Донеги Абена (27-10) и официјално е новиот шампион на Глори Гран при во полутешка категорија, откако во првата рунда го нокаутира Бахрам Раџабзаде (67-2), приредувајќи едно од кик бокс изненадувањата на годината.

Суринамецот своето учество на турнирот го започна со нокаут во третата рунда над Стефан Латеску (17-2). Потоа го направи истото, но во втората рунда со привремениот шампион во дивизијата – Тарик Кабез (50:1:1), за на крајот да го освои појасот со триумф над Азербејџанецот.

Во преостанатите натпревари, Кабез на стартот победи со едногласна одлука над Паскал Туре (20-6), Сергеј Маслобојев (38-6) за околу една минута го нокаутира Богдан Стоица (58-14), а Ибрахим Ел Буни (41-9-1) беше елиминиран по две рунди од Раџабзаде. Во полуфиналето, Бахрам го нокаутира Маслобојев во почетните секунди од втората рунда.

Гран при турнирите на Глори беа оживеани оваа година, па така една од најпочитуваните традиции на кикбоксот повторно беше вратена на задоволство на навивачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON