Абдурозик пред деби во боксот: Не сум инвалид! Можам да боксирам

Дубаи се подготвува за спектакуларна ноќ додека претприемачот Там Кан го претставува „Социјален нокаут 3“ во арената Кока кола на 6 јули. Овој настан комбинира професионални боксерски натпревари со борби со познати личности на социјалните мрежи. Врв на вечерта е боксерското деби на сензацијата на социјалните мрежи Абдурозик.

Там Кан, сопственик на сала и ресторан во Дубаи, нагласува дека настанот е за секого. Боречките вештини стануваат сè попопуларни на Блискиот Исток, а Кан е горд на тој раст. Тој не го потценува Абдурозик и сака да покаже дека секој може да учествува во боречките спортови, доколку, се разбира, има желба за тоа.

Абдурозик има 20 години, но боледува од ретка болест која го спречува нормално да расте. Ова е причината зошто изгледа како 5-годишно дете. Многу фанови го критикуваа неговото деби во боксот, но тој не обрна внимание на ова и рече дека не е инвалид.

„Јас не сум инвалид! Можам да се оженам, да возам кола. Можам да боксирам и здрав сум. Мју благодарам на Алах! Ве молам поддржете ме“, напиша Абдурозик.

Абдурозик ќе се соочи со узбекистанската блогерка Ерали Бојкобилов, која исто така боледува од болеста на Абдурозик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Abduroziq Official (@abdu_rozik)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON