Абдулрашид Садулаев планира да учествува на Европското првенство во борење кое ќе се одржи од 28 март до 3 април во Будимпешта. Садулаев е 5-кратен светски шампион, 4-кратен европски шампион и 2-кратен олимписки шампион.
Селекторот на руската репрезентација Џамболат Тедеев изјави дека Абдулрашид прво ќе треба да победи на еден натпревар, а потоа да учествува на Европското првенство. Аварскиот тенк ќе мора да го победи оној кој ќе го освои турнирот во спомен на Иван Јаригин.
Турнирот ќе се одржи во Краснојарск од 27 до 30 јануари. Тедеев вели дека Садулаев моментално тренира во својот дом во Дагестан. Садулаев има скор од 143-2 во борбата и загубил само од Кајл Снајдер и Гамзат Османов.
Абдулрашид 3 пати му возврати на Снајдер за поразот и е во серија од 60 последователни победи. Дагестанската машина се смета за најдоминантниот борач во светот во моментов.