Абделазиз: Хабиб ќе се бори со Гејџи оваа година (ВИДЕО)

Али Абделазиз, кој ги претставува Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи, вели дека ќе има борба меѓу двата шампиона оваа година.

Овој месец „Орелот“ го загуби својот татко, кој почина во Москва по долгата борба за неговиот живот. Неоспорниот шампион од Дагестан беше многу близок со таткому и нема да му биде лесно да ја надмине оваа загуба.

Медиумите во Русија експлодираа дека Хабиб се повлекува од ММА, а Абделазиз бргу ги побиваше. УФЦ испланира да се соочат Хабиб и Гејџи во главната борба на УФЦ 253 во септември, но по смртта на Абдулманап, организацијата ги успори работите. Во интервју за ТМЗ, Абделазиз рече дека мечот меѓу нив ќе се одржи годинава.

„Хабиб не се повлече од ММА и има некои цели. Тој има некои нешта што сака да ги постигне и ќе го видите во кафезот оваа година. Во моментов преговараме и се договараме за датумот. Сигурен сум дека Дана ќе ви каже кога има изгледи за битката на Хабиб. Ќе се борат со Џастин Гејџи. Ќе биде голема борба и двајцата се најдобрите во категоријата.

Гледаме што прават Хабиб и Џастин со своите ривали. Гејџи го разби Фергусон и го натера да изгледа како комплетен аматер. Двајцата најдобри ќе се борат. Има многу лажни вести кои доаѓаат од Русија. Ако Хабиб или Дана не го кажале тоа, тогаш тоа се лажни вести.

Не можам да кажам дали септември е опција, бидејќи тоа е работа на Дана Вајт. Оваа битка ќе ја видиме во 2020 година. Немаме никаков интерес за меч со Конор Мек Грегор. Тој може да се бори со Дијаз или Масвидал. Мек Грегор мора да забележи победи против добри борци.

Хабиб ќе се бори против Мек Грегор, ако Конор прво го победи Махачев. Благодарност до сите во УФЦ за нивното разбирање за Хабиб. Фановите ќе бидат победници во пресметката меѓу нив. Хабиб се враќал по многу тешки операции и сега ќе се врати. Двајцата ќе ни покажат одлични вештини“, рече Абделазиз.

https://www.instagram.com/p/CBEBN_3BYXa/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON