Усик сака борба против Вајлдер додека го чека мечот за титулата

Украинскиот професионален боксер Александар Усик е задолжителен предизвикувач од тешка категорија на ВБО федерацијата.

Но, бидејќи е се поверојатно дека ќе се одржи мечот за апсолутен шампион меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, Украинецот е подготвен да се откаже од својот статус на предизвикувач.

Усик неодамна изјави дека не сака да создава проблеми, но посакува подоцна тој прв да има можност да се бори со победникот во борбата за титулата светски шампион.

Како место за првиот дуел меѓу Џошуа и Фјури се споменуваат Саудиска Арабија или Обединетите Арапски Емирати.

Во последното интервју, Украинецот откри дека сака своите средби да ги има главно на Островот.

„Во Велика Британија има голем број љубители на боксот и многу драги луѓе“, рече Александар Усик.

И, додека боксерската јавност со нетрпение го очекува исходот од преговорите околу мечот за апсолутниот светски шампион, Усик сака да остане во форма. Тој откри со кого би сакал да се бори.

„Постојат многу боксери со кои би сакал да се борам, како Дионтеј Вајлдер“, рече Александар Усик и го допре поразот на Вајлдер против Фјури:

„Мислам дека сè беше фер. Тајсон Фјури беше подобар боксер тој ден“.

А, меѓу оние кои јавно го прозваа Усик е и Џој Џојс, кој неодамна го победи Даниел Дубоа.

„Подготвен сум за Усик“, рече Џо Џојс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО