Бившиот борец на УФЦ Норман Парке сака меч со Васо Бакочевиќ, „Психопатот“ реагираше на прозивката (ФОТО)

Интересен меч му се нуди на еден од најпопуларните борци од овие простори…

Поранешниот борец на УФЦ и до неодамна привремениот првак на КСВ, Норман Парке, реши да побара борба со Васо Бакочевиќ преку социјалните медиуми.

33-годишникот од Северна Ирска изјави дека почнува мисија за „исцелување“ и ќе бара враќање на победничките патеки против популарниот Црногорец. Парке покрај неговото прозивање, стави до знаење дека е подготвен за судир во септември или октомври.

Секако, тука ќе има нешто да се праша „Психопатот“, но и КСВ, чии лидери треба да решат дали да се вклучат во проектот за организирање на овој меч.

Овој повик Парке го упати отприлика пред околу еден месец откако беше тешко поразен во Варшава од Матеуш Гамрот.

Под објавата на Норман на Инстаграм, со неколку коментари се јави самиот Бакочевиќ со зборовите: „Ме моли“ и „Дајте ми го Норман да си играме“.

На потег е КСВ…

Да споменеме дека Васо последен пат го видовме во акција последниот ден во јули, кога беше поразен од Ивица Трушчек на настанот ФНЦ 3.

https://www.instagram.com/p/CD1B1byFA6S/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО