Шампионот во тешка категорија Антони Џошуа (22-0, 21 КО) ќе ги брани титулите против Џарел Милер на 1 јуни во Медисон сквер гарден. Тие двапати се соочуваат лице-в-лице, а пред неколку дена на прес-конференцијата, Милер го туркаше ЕЏ. Џарел Милер не покажа почит кон шампионот, но ЕЏ се закани дека ќе му плати и ќе го нокаутира во осмата рунда.
„Гледајте ме на 1 јуни во Медисон сквер гарден. Брутално ќе го нокутирам Милер во осмата рунда. Тој не може да се мери со шампионот, ќе му ја одвртам главата. Не ми е гајле за тоа што го зборуваат, затоа што не можат да се мерат со мене.
Како дете бев слаб, но по 11 години правилно јадење, спиење, тренинзи и вистински избор станав тоа што сум сега. Двете антидопинг агенции ме тестираат. Ме тестираат три пати месечно, кое го прават 36 пати годишно.
Sooo @anthonyfjoshua Daily Duppy soon come? 😂🤔 CC: @RealSway pic.twitter.com/wdOMYVESXK
— GRM Daily (@GRMDAILY) February 21, 2019
.