Кро Кап го помина допинг тестот!

 

Легендарниот хрватски ММА борец Мирко Филиповиќ го помина првиот допинг тест пред настапот на Белатор 200 во мај, извести почитуваниот ММА Џанки.

Како и што беше најавено, Филиповиќ беше тестиран во април од страна на Мајк Мазули, главниот човек на Мохеганската комисија која ќе ја надгледува приредбата во Лондон. Истиот поединец го извести ММА Џанки дека Кро Кап е тестирана на примерок од урината, а тој бил анализиран во лабораторијата на Quest Diagnostics лабораторијата во САД.

Тестот покажал дека поранешниот шампион на Прајд ГП е чист!

Да потсетиме дека со највата на Белатор дека Филиповиќ ќе настапи на нивниот настан против Рој Нелсон се појавија многу шпекулации дали се е регуларно или не е со обѕир на тоа дека Кро Кап е суспендиран на две години од страна на УСАДА додека се уште беше дел од УФЦ. Но, со оглед на тоа дека Филиповиќ две години не се бореше во САД, Скот Кокер, челникот на Белатор, потврди дека неговата промоција смета дека Филиповиќ ја отслужил казната и дека сè е регуларно. Исто така беше објавено дека хрватскиот борец ќе биде тестиран, што беше направено кога Белатора дојде во Будимпешта. Потоа Маззули пристигна во Загреб со воз за да го тестира Филиповиќ.

Мечот меѓу Кро Кап и Нелсон ќе се одржи на 25 мај во британскиот Лондон. Главната борба на вечерта е меѓу Рафаел Карваљо и Гегард Мусаси, а во поднасловната битка настапуваат Мирко Филиповиќ и Рој Нелсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО