Ивановски: Очекував да се борам во Делчево, но и во Виница ќе славам!

Miki atrakcija

Мики Ивановски минатата година на Европското првенство во кик бокс во Билбао, Шпанија, во категоријата до 81 килограм во К-1 го освои бронзениот медал. На Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница ќе се сретне со Огуз Шеќер од Турција.

-Противникот Огуз Шеќер е повеќекратен шампион на Турција во мај тај и во  К-1 дисциплина. Искусен борец. На јутјуб ги следев неговите борби, а победува со нокаут. Форсира лево кроше и колена, но тоа не ми преставува проблем. Мислам дека ќе ја добијам борбата. Очекувам да го победам со нокаут, уверува Ивановски.

ivanovskki cvetkkovic

Тој истакнува приоритет му било спектакуларниот турнир да биде во неговиот роден град Делчево. Не знае од кои причини е закажан во Виница.

– Очекувам подршка од публиката, оти нема да бидат разочарани. Ветувам дека стартот на Новата 2015 година ќе биде со победа. Во оваа година ме чекаат други борби на меѓународно ниво, а на крајот од годината и Светското првенство, истакнува носителот на бронзениот медал од ЕП.

Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ ќе се одржи на 31 јануари во Виница. Во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски, ќе се сретне со Огуз Шеќер. Во истата категорија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО