Столе Ефтимов: Не патувањето на ЕП е големо разочарување, но продолжувам со напорни тренинзи

Stole eftimov spartak

„Цело време работев и тренирав напорно за да постигнам резлутат кој ќе ми овозможи да учествувам на Европско првенсто“, вели големиот талент и надеж на македонското борење Столе Ефтимов од БК Спартак, кој нема да патува на Европското првенство за кадети во Стокхолм-Шведска, од 19-24 јули, поради конфузната ситуација во Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) по оставката на претседателот Ванчо Чифилиганец.

Stole eftimov portret

Покрај Ефтимов, на ЕП нема да патуваат и Минир Реџепи и Фати Вејсели од Лирија, а ќе учествуива само борачот на БК Вардар, Рамазан Гаџиханов, бидејќи клубот му ги покрива сите трошоци.

pesko vo spartak juni 2016

За очекувањата, но и отстуството од собирот на најдобрите кадети на ЕП Ефтимов вели:

„За ова Европско првенство изминатава година напорно тренирав, по два пати дневно. Не патувањето на ЕП е големо разочарување за сите нас, но јас ќе продолжам напорно да тренирам и се надевам дека следната година ќе се оствари мојот сон и ќе учествувам на Европскиот шампионат“.

Stole so ekipata na Spartak

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО