АктуелноБоксПрофесионален

Тајсон Фјури со прекин во седмата рунда го победи полскиот ветеран Мариуш Вах

Поранешниот светски шампион Тајсон Фјури ја доби втората борба по ред. Откако во април со едногласна одлука во април го победи Арсланбек Махмудов, беше уште поубедлив против Мариуш Вах.

„Кралот на Ромите“ го победи 46-годишниот полски ветеран пред 1.500 гледачи на стадионот „Макс мај тај“ во Патаја, Тајланд, и победи со прекин по седмата рунда.

Британецот го контролираше темпото во текот на целата борба и од сите страни го удираше Вах. Беше подобар во секоја рунда, а на крајот од седмата рунда, полскиот борец одлучи да се откаже и да седне во својот агол.

Ова беше втората победа на Фјури по два порази по ред во 2024 година против најголемиот тешкаш на денешницата, Александар Усик. Минатата година се одмори, но сега одлучи да се врати за повторно да се обиде да ја нападне светската титула.

Тој го одработи својот загревачки меч и сега чека Ентони Џошуа да ја потврди нивната пресметка за подоцна оваа година. А оваа сабота, Еј Џеј ќе се бори против Албанецот Кристијан Пренга.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON