БоксПрофесионален

Клареса Шилдс се враќа во средна категорија за борба со Кеј Скот

Светската шампионка во четири категории, Клареса Шилдс, ќе се соочи со носителката на титулата во средна категорија на ВБВ и ВБА, Кеј Скот, на 15 август во Соединетите Американски Држави.

31-годишната Шилдс веќе беше неприкоснивена светска шампионка во средна категорија, а во 2024 година се искачи во тешка категорија, каде што ја освои и неприкосновената титула.

„Кеј Скот е светска шампионка и ги почитувам нејзините достигнувања. Но, за повторно да станам неприкосновена шампионка во средна категорија, морам да ги победам најдобрите. Тоа отсекогаш ми била целта. Само сакам големи борби“, рече Шилдс.

42-годишната Австралијанка, Кеј Скот, има професионален рекорд од 5 победи, 1 пораз и 1 нерешено. Таа ги освои слободните титули на ВБЦ и ВБА минатиот декември и сега ќе се соочи со најголемиот предизвик во кариерата против една од најуспешните боксери на сите времиња.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON