АктуелноМеѓународна сценаММА
Конор Мек Грегор: Го здробив Холовеј и претходно, и сега ќе го здробам

Поранешниот шампион на УФЦ во две категории, Конор Мек Грегор, изјави дека е уверен во победата над Американецот Макс Холовеј и верува дека тој е супериорен во однос на него во секој поглед.
Нивната борба ќе биде главна на УФЦ 329 кој ќе се одржи на 12 јули во Лас Вегас, САД.
„Ако ме прашате кои се моите предности во однос на Макс: брзина, сила, коефициент на интелигенција, кондиција, здравје, свежина и искуство. Го згазив Макс во првата борба и планирам повторно да го направам истото, и тоа во поразителен стил“, го цитираше Мек Грегор Чемпионшип раундс на социјалниот медиум X.
Ирецот Мек Грегор и Холовеј првпат се бореа во август 2013 година на УФЦ Фајт најт 26, при што Конор победи со едногласна одлука во три рунди.



