АктуелноБорењеДомашна сцена
Илија Атанасов за Европското првенство се подготвува во Кишињев

Во моментов борачот на БК Бучим Илија Атанасов е на подготовки во Кишињев, Молдавија.
Атанасов интензивно се подготвува за претстојното Европско првенство за У-20 од 6 до 12 јули во Скопје и ќе остане таму до самиот почеток на натпреварувањето.
„Подготовките се одвиваат во одлична спортска атмосфера, заедно со борачи од повеќе земји. Покрај домашните спортисти од Молдавија, присутни се и натпреварувачи од Романија, Израел, Франција и други држави“, истакнуваат од БК Бучим..



