Иан Гари: Ќе го победам Махачев и ќе му ја земам титулата

Предизвикувачот за титулата во полусредна категорија на УФЦ, Иан Мачадо Гари, упати сериозно предупредување до шампионот Ислам Махачев пред нивната борба на УФЦ 330 на 16 август во Филаделфија.
28-годишниот Ирец рече дека има огромна почит кон вештините на Махачев, но верува дека тој поседува квалитети што шампионот никогаш не ги видел во својата кариера.
„Не мислам дека Ислам има многу слабости, но никогаш не се соочил со борец висок како мене. Никогаш не се соочил со борец брз како мене. Никогаш не се соочил со некој што ја контролира дистанцата толку добро, има бокс на толку високо ниво и ја движи главата така“, рече Гари на социјалните мрежи.
Ирецот, исто така, посвети посебно внимание на неговата способност да се брани од соборувања, кои се едно од најсилните оружја на Махачев.
„Можеби ќе може да ме собори. Се надевам дека ќе успее затоа што сакам да му покажам на светот дека не може да ме собори на земја. Сакам да докажам дека можам да се спротивставам и да го победам во неговата сопствена игра“, додаде предизвикувачот.
Гари ја заврши пораката со особено смело прогнозирање за исходот од борбата.
„Не е важно колку долго го прави ова или дали е меѓународен мајстор на спортот во самбо. Ќе го срушам на партер и ќе му ја земам титулата“, беше категоричен.
Претстојната борба ќе биде одбрана на шампионскиот појас во велтер категорија на Махачев. Русинот продолжува да се смета за еден од најкомпексните борци во УФЦ, додека Гари ќе се обиде да ја постигне најголемата победа во својата кариера.
Досега, единствениот пораз на Ирецот во професионалната MMA е против Шавкат Рахмонов, а победата над Махачев би го лансирала меѓу најголемите ѕвезди на организацијата.



