УФЦ Фридом 250 постави нов рекорд на гледаност

УФЦ Фридом 250 продолжува да руши рекорди. Според официјалните податоци на Нилсен, настанот, одржан на теренот на Белата куќа во Вашингтон, го гледале вкупно 17 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави и Латинска Америка преку платформата Парамаунт+.
Со тоа, галата постави нов рекорд во гледаноста за боречки спортови, надминувајќи го МВП настанот на Џејк Пол во мај оваа година, кое привлече 11,6 милиони гледачи според Нилсен.
Успехот е уште поимпресивен со оглед на тоа што Пармаунт+ има околу 79 милиони претплатници, додека Нефликс, кој го емитуваше МВП настанот, има над 325 милиони корисници ширум светот.
Рекордот за најгледан MMA настан претходно го држешеУФЦ на Фокс 1 во 2011 година, кога борбата меѓу Каин Веласкез и Жуниор дос Сантос привлече 8,8 милиони гледачи.
Со публика од 17 милиони, УФЦ Фридом 250 не само што ги подобри претходните рекорди, туку и го зацврсти статусот како еден од најзначајните настани во историјата на организацијата.



