Давид Бенавидез е подготвен за судир со Артур Бетербиев

Шампионот на ВБЦ во полутешка категорија, Давид Бенавидез, е подготвен да се соочи со Артур Бетербиев, и покрај тврдењата на Русинот дека тимот на Мексиканецот одбил таква борба. Според таткото и тренер на Бенавидез, Хозе Бенавидез Сениор, токму од таборот на Бетербиев не биле заинтересирани кога се дискутирала можноста за средба меѓу нив двајца.
„Контактиравме со Артур Бетербиев и неговиот тим пред борбата со Ентони Јард, но тие не беа заинтересирани. Немаме проблем да се бориме со Бетербиев следниот пат. Го почитуваме и нема потреба од навредливи разговори“, изјави Бенавидез Сениор за Ринг“.
И покрај подготвеноста за борба со Бетербиев, главната цел на тимот на Бенавидез останува Дмитри Бивол. Според тренерот, победата над Русинот би му дала шанса на неговиот син да стане апсолутен светски шампион во полутешка категорија. Во исто време, признава дека Бетербиев претставува поопасен предизвик за секој боксер во дивизијата.
„Бетербиев е одличен борец, но наш приоритет е Бивол. Победата над него би била огромен чекор кон апсолутната титула. Сепак, би сакале да се бориме и со Бетербиев. Можеме да го направиме тоа кога сакаат“, додаде Бенавидез.
41-годишниот Бетербиев не влегол во рингот од неговиот реванш против Дмитри Бивол во февруари минатата година, додека Бенавидез продолжува да ја зацврстува својата позиција меѓу водечките имиња во полутешката категорија.



