Вероника Костовска и Матеј Белистојаноски ќе учествуваат во финалето на Премиер лигата во Рабат

Од 12 до 14 јуни на едно место ќе ве бидат собрани најдобрите каратисти од планетава тоа место ќе биде Рабат, Мароко, каде ќе се одржи четвртата и последна Карате 1 Премиер лига за сезоната 2025/2026, најпрестижното натпреварување во светското карате, на кое настапуваат само најдобрите 32 каратисти во светот во своите категории.
По турнирите во Истанбул, Рим и Лешан, светскиот карате крем ќе се собере во Рабат на големото финале на сезоната, каде што покрај медалите и вредните ранкинг поени, од кои зависат пласманите за Светското првенство и Европските игри, ќе се решава и прашањето кој ќе ја понесе престижната титула „Голем Победник“ во својата категорија.

Македонија ќе има двајца претставници на ова елитно натпреварување, а двајцата доаѓаат од Карате клубот Олимпик спорт 2007. Матеј Белистојаноски, кој е рангиран на 19. место на светската ранг-листа, и Вероника Костовска, која се наоѓа на 36. место во светот, ќе ги бранат боите на Македонија меѓу најдобрите каратисти на планетата.

Двајцата македонски репрезентативци веќе оставија силен белег во текот на сезоната. Вероника Костовска на првиот турнир од Премиер лигата во Истанбул го освои високото седмо место, додека Матеј Белистојаноски во Рим стигна до извонредното петто место – најдобар пласман остварен од македонски каратист во историјата на Премиер лигата според сегашниот формат на натпреварување (Топ 32).
„Самото присуство меѓу светската елита е доказ за континуитетот, квалитетот и посветената работа на македонските каратисти и нивниот клуб Олимпик спорт 2007, кој со години создава врвни спортисти и успешно ја претставува Македонија на најголемите светски натпреварувања.
Очекувањата се нашите претставници уште еднаш да покажат дека припаѓаат на самиот врв на светското карате и достојно да ги претстават Македонија, својот клуб и македонскиот спорт на големата сцена во Рабат.
На Матеј Белистојаноски и Вероника Костовска им посакуваме успешни настапи, многу спортска среќа и нови историски резултати за македонското карате“, вели тренерот Александар Кузмановски.



